Увоз без царини од ЕУ

Bez autora
Jan 03 2011

Паднаа царините на Европа за Македонија. Автомобили, нафтени деривати, минерали, текстил, бела техника, машинерија и стотици други производи со потекло од ЕУ од денеска ќе можат да се увезуваат без царини во земјава. Деценискиот циклус на етапно намалување на царините согласно договорот за стабилизација и асоцијација заврши. Ова е последно намалување на царинските стапки за производите од Европската Унија. По 10 годишно постепено кратење на царините отсега натаму нема повеќе царински бариери освен за земјоделските производи. Најголем пад во финалната година има кај царините на обувките од пет на нула проценти, кај нафтените деривати падот е од 4 проценти, кај текстилот од два ипол, а последната царинска стапка што важеше за увоз на автомобили беше еден процент.

Увоз без царини од ЕУПаднаа царините на Европа за Македонија. Автомобили, нафтени деривати, минерали, текстил, бела техника, машинерија и стотици други производи со потекло од ЕУ од денеска ќе можат да се увезуваат без царини во земјава.

Деценискиот циклус на етапно намалување на царините согласно договорот за стабилизација и асоцијација заврши.

Ова е последно намалување на царинските стапки за производите од Европската Унија. По 10 годишно постепено кратење на царините отсега натаму нема повеќе царински бариери освен за земјоделските производи.

Најголем пад во финалната година има кај царините на обувките од пет на нула проценти, кај нафтените деривати падот е од 4 проценти, кај текстилот од два ипол, а последната царинска стапка што важеше за увоз на автомобили беше еден процент.

„Делумно ќе влијае на приходите на царинската управа но имајќи го во предвид, предвидениот раст на економијата што е раст на вредноста на увозот, не би требало да има големо влијание“, изјави Ѓорги Наумовски, советник во царинската управа.

Како безцаринскиот увоз од ЕУ ќе влијае на конкурентоста на домашните производи?

„Не очекувам нешто драстично да се смени. постојано се прават подготовки за нашите компании да добијат соодветен сертификат за квалитет на европскиот пазар“, вели Фатмир Бесими, министер за економија .

Од друга страна, вицепремиерот за економски прашања Пешевски крајот на царинската ера на производите од ЕУ го објаснува како бизарна ситуација во однос на македонската страна.

„На почетокот има поголемо намалување на царините за македонските производи кон ЕУ, а поспоро од ЕУ кон Македонија со цел една послаба економија да и се овозможи да направи полесен продор на тој пазар, но основна претпоставка е дека на крајот на тој период државата ќе влезе во ЕУ“, изјави Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања.

Од денеска за два проценти паѓаат и царините за детергенти, течни сапуни и други средства за хигиена согласно договорот за олабавување на царините со светската трговска организација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik